Почина Луиџи Рива - најдобриот италијански стрелец

 

На 79-годишна возраст почина Луиџи Рива, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Италија

Минатата недела Рива беше подложен на серија медицински тестови откако беше пренесен во болница и внимателно следен од лекарите.

Сепак, неговата состојба се влоши и Италија сега се збогува со една од своите најголеми легенди.

Рива е најдобар стрелец на италијанската фудбалска репрезентација, а постигна 35 гола (42 натпревари).

За Каљари одигра 374 натпревари и постигна 207 голови. Со Италија го освои Европското првенство во 1968 година, а потоа и среброто на Светското првенство две години подоцна.

25 години ја извршуваше функцијата директор на италијанската репрезентација.

22.01.2024 - 21:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега