Почина најдобриот германски напаѓач во историјата

 

Фудбалска Германија е завиена во црно. На 75-годишна возраст почина легендата Герд Милер, денес потврди неговиот поранешен клуб Баерн Минхен.

Поранешниот „гол-убиец“ се сметаше за еден од најголемите напаѓачи што некогаш заиграл на фудбалскиот терен и фудбалер кој со Германија доминираше во седумдесетите години на минатиот век, освојувајќи го Светското првенство во 1974 година и Европското првенство две години претходно.

Милер, кој беше познат по клинички прецизните реализации во казнениот простор на противникот, исто така беше рекордер на Баерн Минхен, со 563 гола на 605 натпревари. 

Поранешниот напаѓач на германската репрезентација и Баерн Минхен боледуваше од Алцхајмерова болест, неизлечива болест на мозокот која предизвикува смрт.

15.08.2021 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега