Почина популарниот српски актер - ја изгуби битката со Ковид 19

 

Српскиот актер Ненад Ненадовиќ почина во средата, во 57 година од животот во Белград. Тој неодамна се заразил со коронавирусот и се лекувал во болницата во Батајница, пишуваат српските медиуми.

Беше постојан член на театарот „Бошко Буха“, рекордер по број на одиграни претстави во 2015 година. Во првите пет месеци таа година одиграл 77 претстави. Беше добитник на повеќе награди, меѓу кои три на „Бошко Буха“.

Во актерскиот свет влезе како момче, имаше само 13 години кога ја доби улогата на Молец во серијата „Враќање на отпишаните“, и водеше повеќе од илјада емисии за деца: „Зоотека“, „Пет-шоу „и „Фазони и фори“.

Последно негово појавување на филмското платно е во серијата „Александар од Југославија“ која започна неодамна да се прикажува, а Ненадовиќ ја играше улогата на Кемал Ататурк.

23.09.2021 - 09:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега