Почина српскиот актер Иван Бекјарев
Познатиот српски актер Иван Бекјарев почина денес на 74 години од последици од коронавирусот. Бекјарев, како што известуваат српските медиуми, со коронавирусот се заразил минатиот месец, а пред десетина дена неговата здравствена состојба значително се влошила.
Последните недели тој бил хоспитализиран на инфективната клиника во Белград. Актерот дознал дека е позитивен на коронавирус додека снимал филм, по што веднаш го напуштил сетот.
Бекјарев својата прва улога ја одиграл во далечната 1967 година, а во својот живот има одиграно повеќе од 150 театарски улоги, а глумел и во повеќе од 50 филмови. Најпознатите серии кои беа доста актуални и кај нас, а во кои Иван Бекјарев беше дел од екипата се „Подобар живот“, „Среќни луѓе“, „Отпишани“, „Горки плодови“.
Долги години Бекјарев се занимаваше и со педагошка работа, како редовен професор по глума на Академијата за уметности каде предавал на многу денес успешни и познати актери.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа