Почина Татјана Патиц, најпопуларната манекенка во 1990-тите
Почина Татјана Патиц, на 56 години. Таа беше една од најпознатите манекенки на 1980-тите и 1990-тите, пренесе „Вог“.
Причината за нејзината смрт се уште не е позната. Патиц беше најпознатата во соработките со „Вог“, но и по главната улога во спотот на песната „Слобода“ на Џорџ Мајкл во 1990 година.
Во последните години од нејзиниот живот, манекенката живееше мирен живот во Калифорнија со синот и сопругот, каде се грижеше и за своите животни.
11.01.2023 - 19:32
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа