Починаа над 30 актери од серијата „Беверли хилс“

По смртта на Шенон Доерти, позната како Бренда од серијата „Беверли хилс“ се споделува видео од сите актери кои играа во ова популарно шоу, а починале во изминатите години.

Се работи за повеќе од 30 актери, меѓу кои и Лук Пери, кој беше еден од главните ликови, познат како Дилан.

Серијата ја имаше својата премиера во октовмри 1990 година. Бренда, Брендон, Дилан, Кели, Стив, Андреа, Дејвид и Дона беа група тинејџери во „Беверли Хилс 90210“ што растеа во Калифорнија и го пробиваа својот животен пат од училишните денови, се’ до зрелоста.

Серијата своевремено достигна најголема популарност.

24.07.2024 - 22:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега