Подгответе се: Дел од скопска општина утре без вода

 

Прекин во водоснабдувањето утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците лоцирани на улиците „Ѓорѓи Сугаре“, „Петар Делјан“ и на булеварот „Борис Трајковски“.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје,  прекинот е поради промена на водоводни затворачи на булеварот „Борис Трајковски“,  до црквата кај општина Кисела Вода.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.

04.08.2022 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега