Подгответе се: Повеќе скопски општини денеска без струја и вода

Без струја денеска ќе бидат повеќе делови во општините Сарај, Ѓорче Петров, Центар и Карпош, а вода ќе нема на неколку улици во Карпош, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Од 10 до 13 часот без струја ќе бидат делови од село Кондово, село Кучково (викендици), село Грачани и Караула Чашка во Општина Сарај.

Во Ѓорче Петров, струја ќе нема во објекти од село Кучково кон Крстот од 9 до 11 часот, а од 9 до 12 часот струја ќе нема на дел од улицата „Владимир Полежиновски“ во Центар и од 9:30 до 13 часот, на дел од улицата „Милан Марковиќ“ и потрошувачите околу објект број 21б во Карпош.

Во Центар, струја ќе нема и на дел од улиците „Ганчо Хаџипанзов“, „Капештец“, „Димитар Пандилов“, и „Питу Гули“ од 9 до 11 часот.

Прекинато водоснабдување денеска од 9 часот до завршувањето со интервенцијата ќе имаат корисниците од улица „Букурешка“, како и делови од улиците „Париска“ и „Прашка“ во Карпош. 

15.03.2023 - 09:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега