Подгответе се: Температурите нагло растат
Времето денеска - утрото ведро и постудено, преку денот сончево и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од - 5 до 3, а максималната ќе достигне од 14 до 19 степени.
Во Скопје, наутро студено, а преку денот релативно топло со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 18 степени.
УХМР соопшто дека во наредните денови ќе продолжи периодот на претежно сончево и релативно топло време со пониски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст и значително повисоки на крајот од работната недела кога наместа ќе надминуваат 20 степени.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа