Пола Скопје останува без струја - Проверете кои улици се на списокот

 

ЕВН Македонија соопшти кои населби во Скопје денеска ќе останат без електрична енергија.

Во период од 09:00 до 11:00 часот, прекин во снабдувањето со електрична енергија ќе имаат корисниците од село Чајлане, општина Сарај.

Потоа, од 09:30 до 11:00 часот, дел од ул „2“ во општина Сопиште, од 09:30 до 11:00 часот, дел од ул „4“ во истата општина.

Без струја од 09:30 до 14:00 часот ќе бидат и улиците „Рилски Конгрес“, „Славејко Арсов„ и „Христо Чернопов во општина Центар.

Како што информираат од РЦУК, во период од 12:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците на улиците „Мечкин Камен“ и „Петко Јанчевски“ од бр.32 до бр 60 во општина Ѓорче Петров.

09.04.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега