Полицијата направи претрес во Куманово - Приведено едно лице
На 26.03.2025 во 16.10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.А.(55) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, дробилка, остри предмети, пушка, куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
27.03.2025 - 11:40
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа