Полицијата потврди: Позната градежна фирма од Батинци се сомничи за милионска измама

Полицијата го истражува случајот со милионска измама во скопска градежна фирма. СВР Скопје соопшти дека е извршен претрес во приватен дом и во други простории и дека е поведена постапка против лице во Скопје. Постои сомнние за сторено кривично дело и стекнување со протиправна имотна корист од 73,700.961.00 денари, односно нешто повеќе од милион евра.

„На ден 05.09.2024 година од страна на полициските службеници од Единицата за Економски и компјутерски кримина при СВР СКОПЈЕ во координација со пол.службеници од Одделот за крим полиција од БЈБ на МВР, со наредба за претес на дом и други простории, издадена од страна на Судија на претходна постапка, извршено е истражно дејствије претрес во дом на лицето С. В. од Скопје, и по претходно издадена Наредба за претрес на деловни простории на правно лице со седиште во с.Батинци во врска со поднесена кривична пријава за сторено кривично дело од чл.275-в од Кз ,,Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство” од КЗ”, сè уште се прибираат дополнителни докази кои што го чинат основано сомнението за стореното кривично дело кое што се става на товар на пријавените“, велат од СВР Скоје.

Во четвртокот повеќе медиуми ја пренесоа веста дека наводно фокусот на акцијата е обезбедување документација од лажирани јавни тендери и лажни ИСО сертификати поврзани со скопската компанија.

06.09.2024 - 10:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега