Полицискиот хеликоптер исфрли над десет тони вода врз пожарот во општина Македонски Брод

 

Одделот за воздухопловни единици на МВР денеска по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во близина на село Белица, општина Македонски Брод, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, локализиран е крак од пожарот.

Како што информираа од МВР, хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над десет тони вода.

13.10.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега