Полнете шишиња: Неколку места во Скопје остануваат без вода

 

Поради промена на затворачи денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците околу поранешната фабрика „Газела“, како и дел од населбите Кисела Вода и Ченто.

Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради замена на затворачи Ф200 милиметри и Ф150 милиметри на улица „15-ти Корпус“ бб на Авто-полигонот на АСУЦ, прекин во водоснабдувањето ќе имаат АСУЦ „Боро Петрушевски“, „Фершпед“, Сервис ЕТО, маркетот „Тинекс“, „Дет Оил“ и објектите околу поранешната фабрика „Газела“.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:30 часот и ќе трае се до завршување со работните активности.

Поради промена на затворач ф-200 милиметри на крстосницата на улиците „Христо Татарчев“ и „Народни Херои“, без вода ќе бидат корисниците на дел од овие две, како и на улицата „Козјак“ во населбата Кисела Вода во периодот од 09:00 часот, па до завршување со работните активности.

Пради промена на два затварачи од Ф-100 милиметри на улица „Јужноморавски бригади“ број 25 и санирање на уличен дефект на истата улица до „С Маркет“ во населба Ченто, со прекинато водоснабдување ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Јужноморавски бригади“, „Методија Андонов Ченто“ и „Маџари“, почнувајќи од 09:00 часот, па до завршување со активностите.

07.04.2022 - 09:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега