Попов: Младинската вклученост во раководењето со општините е на одлично ниво
На денешниот Саем-Отчет по повод „4 години работа за тебе“ се обрати пратеникот и претседател на Унија на млади сили, Сергеј Попов.
Попов истакна дека ВМРО-ДПМНЕ ги реализира своите зададени програми, и токму поради тоа младите треба да учествуваат во креирањето на тие програми, бидејќи секоја идеја дадена од страна на млад човек, се реализира и станува реалност.
„ВМРО-ДПМНЕ своите програми ги реализира, токму затоа за секој млад човек во државата е многу важно да учествува во креирањето на тие програми, бидејќи онаа идеа којашто млад човек ќе ја даде и таа ќе се најде во програмата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ таа ќе стане и реалност и младите ќе можат да го почувствуваат директно во своето секојдневие“, рече Попов.
Попов исто така нагласи дека младинската вклученост во раководењето со општините се одвива преку советниците во општините кои се над 60 низ цела држава.
„ВМРО-ДПМНЕ е партија на младите луѓе, Унијата на млади сили има над 60 советници во сите општини во државата, младинската вклученост во раководењето со општините од страна на ВМРО-ДПМНЕ многу добро и се одвиваше и ќе продолжи да се одвива преку советниците коишто повторно ќе ги има Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ“, објасни Попов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа