Поради дефект без вода утре неколку улици во општина Центар
Прекинато водоснабдување утре од 9 часот ќе имаат дел од корисниците од ул.„Рајко Жинзифов“ од Романска Амбасада до ул.„Киро Крстевски Платник“ и дел од корисниците од ул.„Васил Стефановски“ во општината Центар, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е уличен дефект на ул.„Рајко Жинзифов“ бр.51, и ќе трае до завршување на санацијата на дефектот.
15.11.2022 - 15:30
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа