Поради грешката и упатуваат закани: Српската пејачка добивала застрашувачки пораки од Македонците и Бугарите

 

Пејачката Теа Таировиќ доживеала вистинска непријатност бидејќи поради песната секојдневно добива закани од Македонија и Бугарија.

Теа без никаква зла намера го подгреа долгогодишниот конфликт меѓу Македонците и Бугарите само затоа што ја испеа песната „Македонско девојче“ на едно девојче наместо „Македонско“ ѝ ја испеа „Бугарско девојче“, што предизвика општ хаос меѓу двата народи кои ја обожаваат музиката на Таировиќ.

Самата Теа во оваа прилика се огласи на својот Инстаграм и објасни што се случило за време на настапот во еден бугарски клуб.

Драги мои … таа прекрасна песна ја пеев три минути и без зла намера ѝ го испеав последниот стих на девојка од публиката (не сум ни информирана кој со кого има проблем и како може да се протолкува, ни во мојот мал мозок не ми беше тоа) . Тој што го исекол видеото нека го објави целото видео ако може. Еве јас ги сакам и Македонците и Бугарите и да даде Господ да ве има милијарда. Живели! напиша Теа.

03.02.2022 - 09:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега