Поради иранските напади: Никој не смее да прелета над Израел
Израелската Управа за аеродроми попладнево соопшти дека сите летови што пристигнуваат и полетуваат од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив се суспендирани поради масовниот ракетен напад од Иран, јави Тајмс оф Израел.
Израелската воздухопловна управа соопшти дека е затворен целиот израелски воздушен простор, а сите летови се пренасочуваат на алтернативни дестинации надвор од Израел.
И Јордан и Ирак вечерва најавија дека привремено го затвораат нивниот воздушен простор.
Британски новинари наведуваат дека биле сведоци на неколку пресретнувања на проектили во јорданскиот воздушен простор.
01.10.2024 - 22:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа