Поради коронавирусот се породила пред болница: Не сакале да ја примаат, па родила син среде улица во Мексико (ВИДЕО)

 

Мексиканка (28) морала да се породи на влезот на болницата во јужната мексиканска држава Оахака, бидејќи болницата во која отишла била полна со пациенти.

Жената наводно чекала десет минути пред болницата за да биде примена, по неуспешните обиди на нејзиниот партнер да ги убеди вработените да ја примат, објави „Дејли меил“.

Медицинскиот персонал и рекол на мајката да почека пред болницата, која е полна со пациенти со коронавирус, ана видеото, после неколку минути се гледаат лекари и медицински сестри кои ја опкружуваат жената додека го раѓа својот син.

 По раѓањето, бебето било завиткано во ќебе и пренесено во болница.

Мајката и нејзиното петто дете се во стабилна состојба, објави Министерството за здравство на државата Оахака.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.02.2021 - 13:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега