Посебен режим на сообраќај во Скопје поради протестот
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека за време на протестите пред Собранието на Република Македонија ќе има посебен режим на сообраќај.
„За време на ненајавените протести пред Собранието на Република Северна Македонија, денеска 14.07.2022 година (четврток) , затворени за сообраќај се следниве улици: ул.“11-ти Октомври“ на потегот од бул.“Кочо Рацин“ до ул.“Димитрије Чуповски“ и ул.“Даме Груев“ на потегот од ул.“Македонија“ до ул.“11-ти Октомври“, а сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници“, велат од МВР.
МВР апелира сите да ги почитуваат наредбите од полициските службеници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа