После 10 години Анџелина Џоли го продава подарокот од Бред Пит- може да заработи до 3,4 милони долари

 

Холивудската актерка Анџелина Џоли продава слика што ја доби од поранешниот сопруг Бред Пит пред 10 години, а цената на уникатната слика се движи помеѓу 2 и 3,4 милиони долари.

Имено, тоа е слика насликана од британскиот воен премиер Винстон Черчил (1874 - 1965) за време на Втората светска војна, а се очекува работата на аукцијата да достигне огромна цена, известуваат странските медиуми и Си-Ен-Ен.

Имено, Черчил ја насликал „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш, Мароко откако присуствувал на конференција во Казабланка во јануари 1943 година и му ја подарил на американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт.

Актерот Бред Пит ја купи истата слика во 2011 година од трговец со уметнички дела и ја подарил на својата партнерка Анџелина, со која има шест деца. Двојката подоцна се разведе во 2016 година по две години брак, а нивниот развод сè уште не е комплетен во однос на финансиите.

Черчил го насликал делото веднаш по воениот самит, на кој се договорил со Рузвелт за следните фази на заедничката стратегија против нацистичка Германија. Вредноста на сликата се движи од два до 3,4 милиони долари.

- Тоа е единственото дело што Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земја што ја сметаше за една од најубавите што ги видел досега - рече Ник Орчард.

Ник рече дека платното ја става на продажба „Семејната колекција Џоли“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.02.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега