После долга борба со вирусот почина познатиот пејач - Семејството ја потврди тажната вест
Аргентинскиот пејач Диего Вердагер (70) почина од коронавирус.
Диего почина во болница во Лос Анџелес, а тажната вест ја соопшти неговото семејство, преку официјалниот Инстаграм профил на славниот пејач.
– Со тага во нашите срца, ги известуваме сите пријатели и фанови дека душата на Диего денеска го напушти телото, за да го продолжи својот пат и неговата креативност во некоја друга форма. Семејството е во длабока тага и затоа бараме сочувство и разбирање во овие тешки моменти – пишува во соопштението.
Диего Вердагар зад себе ги остави сопругата Аманда Мигел и ќерката Ана Викторија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа