После седум годнини брак поднесени документи за развод- Ким веќе одамна ја извадила бурбмата
Ријалити ѕвездата Ким Кардашијан официјално поднесе барање за развод, после речиси седум години брак со раперот Каније Вест.
Претходните месеци кружеа гласини дека еден од најпознатите парови на светот веќе подолго време не функционира и дека живее одвоено, а сега светските медиуми пренесуваат дека Кардашијан го направила првиот чекор за официјално да се разведе од Каније.
Кардашијан наводно барала заедничко правно и физичко старателство над четирите деца, ќерките Норт (7) и Чикаго (3), и синовите Сејнт (5) и Псалм (1).
Ким веќе одамна ја извадила бурбмата, а на семејното патување на семејството Кардашијан, Каније не бил присутен.
Иако секоја година на сопругата ѝ приредува изненадување за Денот на вљубените, оваа година Каније не го направил тоа.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа