Постојано користите спреј за нос? Не сте свесни каква грешка правите
Спрејовите за нос можат да предизвикаат зависност, предупредуваат експертите.
Спрејовите за нос ги стеснуваат крвните садови во носот и синусите, намалувајќи го отокот и го ослободуваат „затнатиот“ нос.
Меѓутоа, ако се користи редовно, носот може послабо да реагира на лечењето, поради што честопати се земаат поголеми количини, имаат истакнато од германската фармацевтска комора.
Затнатоста во носот може да се влоши доколку се престане со користење на спрејови, што е познато како бумеранг ефект.
Сепак, нивната прекумерна употреба може да ги оштети мукозните мембрани и чувството за мирис, потенцијално и вкусот.
Тоа може да се спречи со употреба на спрејови најмногу од пет до седум дена по ред. Ако носот остане затнат, се препорачува користење солен спреј за нос кој не претставува ризик од зависност.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа