Потресен статус од сестрата на исчезнатиот Миле - "Господ не става во тешки искушенија"
Седми ден се трага по младиот Миле Тодоров, а семејството и пријателите бараат помош во потрагата за момчето од Неготино.
- „Некогаш Господ нѐ става во тешки искушенија да види колку ќе издржиме. Ние, не се откажуваме. Ќе се бориме за тебе, се додека не те најдеме. Премногу фалиш и боли бидејќи и овој ден не си со нас. Ќе бидеме храбри и истрајни додека не те видиме“. Ова на Фејсбук го напиша неговата сестра Марија Атанасиевиќ.
И „Винари Неготино" се огласија на Фејсбук:
- Повторно продолжуваме во потрага по нашиот брат Миле Тодоров СКЕЧО !!!
НЕ СМЕЕМЕ ДА ЗАСТАНЕМЕ И УТРЕ (Четврток), СЕ ПРОДОЛЖУВА ПОТРАГАТА ПО НАШИОТ БРАТ МИЛЕ ТОДОРОВ !!!
Собирно место за заинтересираните кои сакаат да помогнат во потрагата е на градскиот парк во Неготино во 08:00 часот во Четврток
ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ НАШИОТ ДРУГАР ДА БИДЕ ИГНОРИРАН, ДОЈДИ И ПОМОГНИ !!!
За оние кои сакаат да земат учество, а не се во можност да дојдат на собирното место во Неготино, нека се обратат во текот на утрешниот ден на следните броеви:
078-909-481
075-691-727
НАПОМЕНА:
ДОКОЛКУ ПОСЕДУВАТЕ СОЗНАНИЈА ЗА ЛИЦЕТО ИЛИ ГО ЗАБЕЛЕЖЕТЕ, КОНТАКТИРАЈТЕ ЈА ПОЛИЦИЈАТА ИЛИ НАВЕДЕНИТЕ БРОЕВИ !!!
За потсетување, Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари кај село Марена, Кавадарци, околу 10 часот, во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, личната карта и пасошот му се дома.
Миле е висок околу 185 сантиметри.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа