Потврдени се првите случаи на омикрон во Црна Гора
Црногорските епидемиолози ги потврдиле првите пет случаи на инфекција со омикрон во Црна Гора.
„Црна Гора на тој начин се приклучи на списокот на земји каде што е регистрирана оваа многу заразна варијанта“, соопшти црногорскиот Институт за јавно здравје, истакнувајќи дека сите луѓе со потврден омикрон се во добра општа здравствена состојба со благи симптоми.
„Епидемиолошките служби следат и вршат идентификација на високоризичните контакти на заразените лица“, велат црногорските епидемиолози.
Првото сомневање за појавата на варијантата омикрон во Црна Гора се појавило на почетокот на декември во семејство чиј член допатувал од Јужноафриканската Република.
Бројот на заразени лица во Црна Гора опаѓа во последните недели, но се уште се на сила епидемиолошките мерки кои бараат задолжително носење заштитни маски во затворени простории. За влез во угостителските објекти, теретаните и игротеките се потребни ковид-потврди.
Исто така, здравствените власти ги забранија новогодишните прослави на плоштадите за да спречат понатамошно ширење на коронавирусот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа