Повеќе од 11,4 милиони луѓе го гледале интервјуто на Хари и Меган- голем број од нив биле млади Британци

 

Интервјуто на принцот Хари и Меган Маркл на ИТВ во Велика Британија го гледале просечно 11,4 милиони гледачи, а на врвот на интервјуто тоа прегледување изнесувало 12,4 милиони гледачи.

Според „Дејли меил“, тоа значи дека интервјуто го гледале 54,4 проценти од сите телевизиски гледачи во Велика Британија.

Се додава дека ова и не е некоја голема гледаност, бидејќи нивната венчавка привлече 27,7 милиони гледачи, обраќањето на премиерот Борис Џонсон до нацијата на 4 јануари, 15,6 милиони и интервјуто кое покојната принцеза Дајана го даде за Би-Би-Си во 1995 година, скоро 23 милиони гледачи.

Податоците покажуваат дека интервјуто на двојка привлече помлада публика, односно 72% од гледачите биле на возраст меѓу 25 и 34 години. Во САД, интервјуто се емитуваше во неделата и привлече 17,1 милиони гледачи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.03.2021 - 15:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега