Повреда од кревет до маса на која работи од дома е повреда на работно место, ама во Германија
Германскиот суд пресудил во полза на човекот кој се лизнал додека одел неколку метри од креветот до својата работна маса на која работи од дома, дека има право да бара исплата за повреда на работно место бидејќи тој технички патувал на работа, објави The Guardian.
Човекот имал спална соба на горниот кат а неговиот компјутер се наоѓал еден кат подолу. Додека слегувал по спиралните скали за да почне со работа откако се разбидил, тој се лизнал по скалите и го повредил грбот. Осигурувањето на неговиот работотавач одбило да го покрие барањето за исплата на оштета.
Целата работа потоа завршила на суд. Два суда не се сложиле околу тоа дали тоа е настан во тек на патување на работа, но вишиот сојузен суд на крај утврдил дека тоа прво утринско “патување“ од креветот до работната маса всушност било патување на работа на кое осигурањето мора да го покрива.
„Тужителот доживеал несреќа на работа кога утрото паднал до домашниот компјутер. Ако дејноста за која важи осигурувањето ја извршува во својот дом или на некое друго место, осигурувањето се однесува во ист обем како и кога дејноста се извршува во просториите на фирмата“, стои во пресудата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа