Пожар во атарот на карбинското село Долни Балван

 

Нема опожарено куќи, но изгорена е штала, како и трепезаријата на црквата во село Долни Балван, изјави командирот на смена на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ), Богданчо Зарков.

Посочува дека со помош на месното население не е довозволено пожарот да влезе во селото. Огнот кој брзо се шири низ полето оди во правец кон селото Крупиште. Зарков вели дека станува збор за огнена стихија која тешко може да се изгасни, поради ветерот.

Инаку, МИА претходно информираше дека од вчера со пожарот се справуваат пожарникари, доброволци и месното население, кој почнал од атарот на селото Горно Трогерци, а во текот на денот се ширеше во правец на Долно Трогерци и веќе вечерва поминува покрај селото Долни Балван. Попладнево гореше сува трева и во близина на штипската населба Света Недела

30.07.2024 - 21:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега