Пожари, одрони, пронајден мртов планинар - Телефонот на ЦУК заѕвонел 1.800 пати

 

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека изминатото деноноќие имало вкупно 1,841 повик на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112. Пријавени биле еден пожар на отворено и одрон на пат при удар од цистерна кај Велес, била пронајдена неексплодирана убојна граната во Битолско, а железничкиот сообраќај Лисиче - Драчево се уште се одвива со „бајпасирање“.

Од повиците „реални“ биле 54,43%, а 45,57% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни. Имало најмалку 850 повици за итни случаи на 112 што се вкупен збир од тие што биле за комбинирано решавање од „реалните“ повици и на тие што се именувани како „неитни повици“. Сите биле предмет на примање, на обработка во ЦУК, а и на директно координирање за нивно решавање со институции и служби во Системот за управување со кризи (СУК).

-За одрон на пат вчера имаше пријава преку 112 во 17.06 часот. Конкртетно е добиена пријава од лице кое патувало од Скопје кон Велес, дека пред патарината кај Велес цистерна удрила во карпите и има одрони на пат, што претставуваат опасност. За ова веднаш известена ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта за нивна понатамошна постапка, по што е и постапено, наведува ЦУК.

Пожарот на отворено бил во Струшко, а пожарникарите гаснеле паралелно и други пожари во населени места и сите биле изгаснати.

-Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Охрид, ја пренесува информацијата од ТППЕ Струга дека во од 20.10 до 21.20 часот, (13.04.2025 година) со 3 пожарникари и 1 ПП возило, интервенирале на запалена нискастеблеста шума кај с.Октиси, информира ЦУК.

За неексплодирани убојни средства (НУС) известила РЦУК Битола. Во 09.33 часот била добиена пријава за пронајдена опасна неексплодирана граната кај новите гробишта во градот Битола. За ова веднаш е известен пиротехничар од ДЗС и СВР Битола, при што во текот на денот гранатата била безбедно подигна, прво за складирање, а потоа и за нејзино безбедно уништување.

Според ЦУК, „Македонски железници“ известиле дека поради поплавите од Маркова Река железничкиот патнички и товарен сообраќај на патниот правец Лисиче -Драчево се уште се одвива со „бајпасирање“ преку Маџари-Трубарево - Драчево и обратно.

ЦУК информира и дека исчезнатиот велешки планинар е пронајден мртов. 

15.04.2025 - 09:46

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега