Познат прилепски бизнисмен е една од двете жртви во сообраќајната несреќа во Росоман
Според неофицијални информации, познат прилепски бизнисмен е една од жртвите во сообраќајната несреќа што утрово се случи кај Камен Дол, пренесува stanica.mk.
Според официјални информации, има вкупно две жртви во сообраќајката која настана на патот Прилеп – Градско, додека тројца се тешко повредени.
Врз основа на првичните информации, станува збор верижен судир помеѓу четири возила.
На местото на настанот присутни се јавен обвинител, полицајци и пожарникари.
10.08.2023 - 11:17
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа