Познатата музичарка почина на 35 години

 

Трансродовата икона, диџеј и електро-поп продуцентката Софи, починала на возраст од 35-години, потврди нејзината издавачка куќа.

„Со длабока тага ве известуваме дека музичарката и продуцентка Софи почина утрово во 4 часот во Атина, каде што живееше. Ве молиме да ја почитувате приватноста на семејството во овие тешки моменти“, напишал нејзиниот тим.

Софи беше пионер на новиот звук, еден од највлијателните уметници во последната деценија. Не само за генерална продукција и креативности, туку и за постигнатата порака и видливост. Ја нарекле икона на ослободувањето.

„Таа беше вистинска инспирација. После трагичната несреќа си замина нашата Софи. Верна на својата духовност, се искачи да ја гледа полната месечина, случајно се лизнала и паднала. Таа секогаш ќе биде тука со нас“, напишале нејзините пријатели.

Еден од нејзините последни проекти беше и соработката со Лејди Гага, на нејзиниот шести студиски албум „Chromatica“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by 730.no (@730no)

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.02.2021 - 17:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега