Познато е кој нарачал претепување на пејачката Марина: Оваа жена сигурно сакала одмазда
Пејачката Марина Радосављевиќ била нападната синоќа непосредно пред закажаниот настап. Во Србија сега се шпекулира дека тепањето го нарачала сопругата на поранешното момче.
-Слушнавме што се случило. Сите сме во шок. За тоа зборуваат сите овде. Поминуваат луѓе покрај кафеана, гледаат, шепотат, така оди кога ќе се случи инцидент. Ја познавам Марина, но и сопругата на нејзиното поранешно момче. Со нејзиниот сопруг, пејачката се гледала тајно, поточно додека таа не дознала. Ми се чини дека раскинаа пред шест месеци, но сега се случи инцидент. Љубоморните жени се подготвени на се. Се шпекулира дека праќала свои насилници, но истрагата ќе го утврди тоа. Жал ми е што се случи затоа што никој не поддржува насилство, изјавил жител на Врњачка Бања, кој сакаше да остане анонимен, пренесе ТВ Пинк.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа