Познато од кога се враќа бесплатниот превоз за пензионерите

 

Пензионерите повторно ќе може да се возат бесплатно во вторник, петок, сабота и недела со ЈСП Скопје, а мерката ќе почне од 25 март, при што од буџетот на Град Скопје ќе се потрошат 650.000 евра.

Бесплатниот превоз беше прекинат по почетокот на ковид-19 поради заштита од ширење на вирусот, но сега повторно се враќа и тоа е добра вест за пензионерите.

Вакво нешто најави и градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, а сега конечно пристигна и потврда за точниот датум кога ќе почне да важи мерката.

23.03.2022 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега