Прецизно беше изброено, на протестот против насилство имаше 9.000 луѓе, вели Вучиќ

 

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва и се обрати на јавноста. Коментирајќи го вечерашниот протест против насилството, Вучиќ рече дека „се се сведува на укинување на Хепи и Пинк и сите да дадат оставки“. Тој рече и дека „прецизно е изброено“, и дека „на протестот имало 9.000 луѓе“.

„Очекував одредена сериозност и одговорност. Знаев  дека тоа нема да се случи. Во среда и четврток се случуваат трагедии, а вие веќе се согласувате во петок да одржите митинг во недела, додека некој не им каже дека е Ден на жалост. Кога немаш свои планови и идеи, гледаш да користиш надворешни настани“, рече на почетокот Вучиќ.

Тој додаде дека како претседател на Србија побарал вакво нешто да не се организира,

„Не затоа што сум исплашен или е  заканувачки на кој било начин, туку затоа што сметав дека тоа е лошо за земјата. Очекував дека денеска ќе понудат  некои мерки во друга форма. За реновирање на училиштето „Владислав Рибникар“ треба да вложиме околу 7 милиони. Очекував такви идеи. На крајот на сите предлози, се се сведе на сува политика, ни секунда не се загрижија за иднината, освен да ги откажат Хепи и Пинк, рече Вучиќ.

Тој додаде дека на денешниот протест „Србија против насилството“ имало најмногу девет илјади луѓе.  Организаторите на протестот „Србија против насилството“ објавија дека таму има околу 50.000 луѓе.

„Денеска зедовме многу оружје, тоа ќе продолжи и во наредните денови, ќе воведеме повеќе полицајци во училиштата, повеќе психолози, ќе продолжиме да инвестираме во државата, а тие нека продолжат да се закануваат“, рече тој.

08.05.2023 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега