Пред да се ожени со неа принцот ја ставил на тест- Како Вилијам ја избрал идната кралица

 

Според кралскиот експерт Роберт Лејс, војводата од Кембриџ (38), кој минатата недела прослави десет години брак со својата Кетрин, се чувствувал како да треба да ја „тестира“ својата избраница пред да ја побара за жена.

Лејс во едно гостување рече дека се вели дека Вилијам ја тестирал Кетрин за нејзината идна улога.

- И мислам дека тоа е вистина. Вилијам е иден крал на Велика Британија и Комонвелтот и, сакал или не, дел од неговата работа беше да избере сопруга која ќе ја заврши работата добро.

Вилијам и Кејт најпрво се сретнаа како бруцоши на универзитетот Сент Ендрус и поминаа четири години заедно пред да раскинат накратко во 2007 година.

Раскинувањето беше иницирано од Вилијам кој започна да се чувствува „клаустрофобичен“ во врската и додека Кејт сакаше да се посвети, тој не се чувствуваше подготвен. Двојката по неколку месеци повторно започна да се забавува.

Тие сега прославија 10 години откако се венчаа во опатијата Вестминстер, а нивната венчавка ја гледаа две милијарди луѓе пред малите екрани.

Војводата и војвотката од Кембриџ имаат три деца, принцот Џорџ (7), принцезата Шарлот (6) и принцот Луис (3).

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.05.2021 - 10:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега