Предупредување: Не поминувајте по мостот кај селото Пчиња, постои опасност од уривање
Центарот за управување со кризи предупредува да не се поминува по мостот кај село Пчиња, бидејќи тој е со слаба конструкција и за два часа ќе дојде до зголемен притисок. Поради зголеменото ниво на водите во Крива Река кои ќе дојдат и до реката Пчиња, постои опасност од уривање на мостот во селото Пчиња.
Исто така, се предупредува на внимателност при движење покрај речните корита и поројни суводолници, особено во реони на поројни поплавувања бидејќи се очекуваат локални кратки но поројни дождови.
ЦУК презема превентивни и координативни мерки по информацијата од Управата за хидрометереолошки работи за зголемен водостој на локалните реки и на реката Вардар.
Конкретно беше известено дека заради зголемен водостој на реката Вардар во горниот дел од текот, на сливовите со одредени притоки, се можни излевања во Полошката Котлина, Тетовски-Гостиварскиот регион, потоа во сливот на Река Лакавица и на други критични места во горниот дел од сливот на реката Вардар.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа