Предупредување за возачите: Во Грција може да добиете казни до 2.000 евра

 

Сè повеќе граѓани заминуваат кон Грција за да го искористат летниот одмор, но возачите мора да внимаваат на сообраќајните правила затоа што нивно прекршување може да ве чини од 40 до 2.000 евра.

На фејсбук групата „Грчка инфо“ пристигна предупредување до возачите дека мора да бидат повнимателни кај нашиот јужен сосед затоа што се казнува за секој пропуст.

Ако возите со 20 километри на час над дозволеното, тогаш ќе платите 100 евра, а ако возите над 50 км/ч, тогаш ви следи казна од 350 евра.

Една од најголемите казни е за поминување на црвено светло и изнесува 700 евра, а најстрогите казни се поврзани со алкохолот.

Доколку нивото на алкохол е поголемо од 0,8 и помало од 1,1 промил, тогаш возачот ќе плати казна од 700 евра, но доколку е над 1,1 промил санкцијата е 1.200 евра.

На „Грчка инфо“ се известуваат возачит дека доколку го повторат делото, тогаш следи парична казна од 2.000 евра, губење на возачката дозвола и можна затворска казна.

31.07.2023 - 14:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега