Прегласување на 35 избирачки места во Србија

Во Србија утрово во 7 часот почна гласањето на 35 избирачки места каде се повторуваат изборите за пратеници во српскиот парламент, како и на три избирачки места каде се повторуваат изборите за советници на Градското собрание на Белград. На избирачките места каде се повторува гласањето за републичко собрание се запишани 19.543 гласачи.

Избирачките места се затвораат во 20:00 часот, а до затворањето е изборен молк.

Коалицијата „Србија против насилство“ претходно најави дека нема да учествува на повторените избори, бидејќи не сака да учествува во продолжувањето на „изборниот фалсификат“.

30.12.2023 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега