Премиерката на Србија отворено за приватниот живот и синот: „Таа ми купува облека и е построг родител од мене“

 

Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, гостувала во српската шоубиз емисија „AmiG Show“ во која за првпат во јавноста проговорела за својот приватен живот.

Брнабиќ открила детали за врската со партнерката Милица Ѓуриќ, а зборувала и за нивниот 3-годишен син Игор.

„Една вечер дојдов по сите состаноци дома. Бидејќи само навечер смее да гледа цртани филмови, го гледавме неговиот омилен цртан „Весели зајачиња“, постојано го гледаме. Има една епизода во која тие си играат и еден мал зајак им смета на останатите со труба. Мене сите тие инструменти во кои се дува ми се труба, а тој се сврте и ми рече: „Тоа е хорна“. Пребарав на интернет и навистина беше хорна. Му кажав дека е паметен, а тој се сврте кон мене и рече: „Како ја замени трубата со хорна?“, раскажала гордата мајка и нагласила дека нејзиниот син ги познава сите инструменти, сака класична музика и е многу паметен.

Брнабиќ открила и кој е строг родител:

„Не сум јас, Милица е. Јас не сум строга, но добро е некој да држи дисциплина“, изјавила премиерката и признала дека нејзината партнерка ѝ ја купува сета облека.

„Јас не знам брендови, марки. Мене Милица сè ми купува. Навистина не знам“, открила таа.

Во емисијата, Ана покажала и приватни семејни фотографии од нејзините мајка и брат.

„Во одлични односи сме со мојот брат, навистина. Помеѓу нас има само 15 месеци разлика, навистина сме блиски“, додала Брнабиќ.

Ана е прва жена во Србија на премиерската позиција и е декларирана лезбејка. Со Ѓуриќ е 12 години во врска, но не сака да го експонира своето семејство во медиумите и ретко заедно се појавуваат во јавноста.

Милица инаку работи во Центарот за радиологија и магнетна резонанца во Клиничкиот центар Србија. Парот во 2018 година одлучи да има дете, поради што Милица се подложила на вештачко оплодување. Но, бидејќи никогаш не ја озаконија својата врска со оглед на тоа што во Србија сè уште не постои закон за истополови бракови, Брнабиќ не може да биде ни законски старател на својот син.

10.02.2022 - 08:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега