Преполна со влакна, цинк и витамин К: Што е црвена цикорија и зошто треба да ја вклучите во исхраната?

 

Доколку сакате да воведете некој нов зеленчук во исхраната, и тоа многу здрав, имаме предлог за вас – црвена цикорија (радич).

Станува збор за намирница што може да се употреби на разни начини, содржи многу хранливи состојки и не е премногу скапа.

Што точно е црвена цикорија?

Овој зеленчук се карактеризира со по малку горчлив вкус. Го има во продавниците и сигурно сте го виделе, а најмногу наликува на црвена зелка со која најчесто го мешаат. Главната визуелна разлика се белите линии кои ја шараат виолетово-црвената надворешност низ средината.

Црвената цикорија е преполна со витамини и минерали, конкретно со витамин К, влакна и цинк. Содржи малку калории и помага подолго време да бидете сити, а истовремено го подобрува здравјето на коските и го зајакнува имунолошкиот систем. Преполна е со антиоксиданти кои се добри за здравјето на клетките.

Препорака е да се јаде свежа доколку не ви пречи горчливиот вкус, но не губи многу од нутритивните вредности ни со термичка обработка. За да ја неутрализирате горчината, можете да ја маринирате и сотирате или да ја грилувате. Црвената цикорија можете да ја исечкате на ленти и потоа да ја додадете како состојка во чорба, сос за тестенини или додаток на јадење од вок-тава. Како дел од салата, дава свежина и крцкавост.

Не е важен начинот на кој ќе го вклучите овој зеленчук во исхраната, туку придобивките што ќе ги добиете од него, а воедно и новите можности за комбинирање на состојките.

31.01.2022 - 12:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега