Престанете да ги правите овие грешки во одржувањето на личната хигиена

 

Одржувањето на хигиената е навика и нешто што на сите ни доаѓа природно да го правиме. Иако мајките нè имаат научено на основите како мали, подоцна сами развиваме специфични навики потпирајќи се на инстинктите и нашето знаење за тоа како треба да се бањаме, да миеме заби, да чистиме уши итн.

Ќе се изненадите, ама овие грешки при одржување на хигиената ги прават многумина од нас.

1. Ставате премногу шампон. Обично е доволно околу ½ лажичка, секако зависно од должината и густината на косата.

2. Исто така пречесто ја миете косата, што предизвикува губење на нејзиниот сјај. Правете го тоа преку еден ден.

3. Ја користите луфата премногу долго. Нивната текстура собира бактерии, па затоа треба да ја менувате на секои 4 недели.

4. Ги чепкате ушите со стапчиња за уши. Но, тие всушност не се баш добри за ушите. Со нивна употреба, ушната маст ја туркате подлабоко во увото или пак премногу ја отстранувате, што пак може да предизвика инфекции. Затоа, замотајте парче тоалетна хартија околу прстот и така чистете си ги ушите.

5. Си ги миете забите во погрешно време. Миењето на забите веднаш после оброк ја оштетува глеѓта. Затоа, мијте ги забите 30 минути по оброкот.

6. Мислите дека е подобро да користите антибактериски сапуни? Обичните сапуни се подеднакво добри, сè додека правилно ги користите за да си ги измиете рацете. Тријте го сапунот во рацете барем 20 секунди пред да се исплакнете.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 23:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега