Претепан поранешниот министер за безбедност на БиХ

 


Поранешниот министер за безбедност на БиХ, Драган Мектиќ, синоќа бил физички нападнат пред својата куќа во Прњавор. Двајца маскирани напаѓачи го пресретнале и го удриле со тупаници по главата, а потоа избегале.

Нападот се случил синоќа околу 21 часот и случајот е пријавен во полиција која трага по сторителите. Истражниот судија нападот го оквалификува како кривично дело телесна повреда.

Мектиќ за порталот Кликс изјави дека напаѓачите биле маскирани и го пресретнале на влезот од зградата во која живее.

Мектиќ, вели, се враќал од вечера со семејството. Тој нагласува дека нема апсолутно никакви проблеми со никого, ниту пак добивал закани.

– Забележав возило како ми се „лепи“, а потоа ме претекнува на остра кривина. Ми се виде малку чудно. Кога стигнав пред зградата и го паркирав автомобилот, се упатив кон влезот и ме сретнаа две маскирани лица со „фантомки“, објаснува Мектиќ.

Тој вели дека веднаш го нападнале и почнале да го удираат со тупаници по главата. Кога паднал на подот, продолжиле да го удираат.

Носев чанта и мислев дека сакаат да ме ограбат, но ништо не зедоа. По нападот побегнаа, додаде тој.

Полицијата сега извлекува снимки од надзорните камери од поширокото подрачје со цел да го идентификува напаѓачот.

 

Дежурниот обвинител нападот врз Мектиќ го оквалификува како кривично дело телесна повреда и нареди понатамошна истрага.

06.02.2025 - 11:06

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега