Претседателката на Европскиот парламент „згрозена“ од смртта на Навални

 

Претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола изјави дека е „згрозена“ од смртта на водечкиот руски опозиционер Алексеј Навални.

-Русија му ја одзеде слободата и неговиот живот, но не и достоинството, напиша Мецола на „X“.

Оддавајќи му почит на лауреатот на наградата Сахаров, награда на ЕУ за застапување на човековите права, Мецола за Навални рече дека „светот изгубил борец чија храброст ќе одекнува низ генерациите“.

-Неговата борба за демократија живее, наведе таа.

16.02.2024 - 18:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега