Претседателката на Врховниот суд за „ДВ“: Измените на КЗ се донесени без да се слушне судската фела
Претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми за „Дојче веле“ изјави дека измените на кривичниот законик со кои се намалуваат функционерските казни, биле донесени без да се слушне судската фела.
„За законските измени во врска со злоупотребата на службената положба и овластување требаше да има широка и аргументирана расправа. Но, во Врховниот суд беше доставена верзија во која не беа инкорпорирани предлозите кои предизвикаа силни реакции во јавноста, меѓу кои и членот 353, којшто се однесува на „злоупотреба на службената положба и овластување““, изјави Адеми.
Но, тоа е и спорно за врховните судии, бидејќи тие во минатото немале ниту забелешки за висината на казните за овие кривични дела, ниту пак барале нивно ублажување.
„Неспорно е дека добро е да се слушне мислењето на стручната и на судската заедница и фела, поаѓајќи од една од целите на судството, а тоа е обезбедување правна сигурност врз основа на владеење на правото. Воедно, една од законските надлежности на Врховниот суд е да дава мислења по предлози на закони и други прописи кога со нив се уредуваат прашања од значење за работата на судовите“, децидна е Адеми.
Со тоа што не биле доставени измените до нив, е оневозможено на општа седница да бидат разгледани и да се достави мислење за нив. Со тоа, на некој начин, е „заобиколен“ Врховниот суд и неговото мислење.
Целата вест прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа