СДСМ: Очајните спинови за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити

ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи, велат од СДСМ.
„Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија. Во недостаток на реална политика и успеси, ВМРО-ДПМНЕ се фрли на лаги и манипулации со сета сила. Го разбираме нивниот гнев во ситуација кога немаат ниеден конкретен успех на ниедно поле, ниту политики со кои граѓантие живеат подобро.
ВМРО-ДПМНЕ повторно демонстрира агресивна тенденцијата и силеџиство во јавниот простор, нешто што единствено знаат да го прават кога се во криза. Оваа политика на етикетирање и манипулации кои беа одлика на мрачните времиња од режимот очигледно се враќаат.
Ставовите на СДСМ по однос на сите прашања се јасни и нив ги пренесуваат претставниците на партијата, секој обид ова да се искриви од ВМРО-ДПМНЕ е само доказ за нивната неспособност да испорачаат политики во интерес на граѓаните“, стои во соопштението на СДСМ.
23.02.2025 - 11:09
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа