Претседателката Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија


Претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова в петок ќе оди во посета на Софија, каде ќе присуствува на операта „Набуко“ од Џуепе Верди, во изведба на Националната опера и балет.

Како што јави БГНЕС, според неофицијални информации, во Софија ќе се одржи и првата средба на Сиљановска Давкова со претседателот на Бугарија Румен Радев.

Според бугарскиот медиум, во македонската делегација ќе биде и министерот за култура Зоран Љутков, а се уште не е потврдено доаѓањето и на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски.

Медиумот потсетува дека откако стапи на должност, Сиљановска Давкова присуствуваше на операта „Валкира“ во Скопје, во изведба на Бугарската опера. 

10.09.2024 - 14:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега