Претседателот на Славија Софија: Која е таа Северна Македонија - вчера стана држава

 

Македонија утре ќе игра против Бугарија во Разград од 18 часот на стартот на Лигата на нации, а репрезентативците сакаат да тргнат со победа.

Мечот не можеше да го избегнат политички изјави, како таа на претседателот на Славија Софија, Венцислав Стефанов.

„Која е таа Северна Македонија? Вчера стана држава, зошто би ѝ се плашеле? Ако се плашиме од нив, Грузија или Гибралтар, тогаш не треба да играме фудбал воопшто“, кажа Стефанов за „Новини247“.

01.06.2022 - 22:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега