Презентација на наодите од првогодишниот мониторинг на владините ветувања 2024–2028
Finance Think – Институт за економски истражувања и политики заедно со Младинскиот образовен форум (МОФ), Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО) и Македонското лекарско друштво денеска ќе ги презентира наодите од првата година од мониторингот на владините ветувања за периодот 2024–2028 преку платформата КОМПАС.
На презентацијата ќе бидат споделени: Резултатите од првата година од мандатот, Степенот на исполнување на 139 ветувања во пет приоритетни области: социоекономски развој, образование, здравство, родова еднаквост и млади, Усогласеноста на ветувањата со реалните потреби и приоритети на граѓаните, Промоцијата на платформата КОМПАС, на која има квантифицирани и категоризирани постигнувања за секоја мерка, на која може лесно да се следи прогрес.
По презентацијата на Благица Петрески од Finance Think, Кирил Солески од Македонското лекарско здружение, Ристо Савески од МОФ и Дорина Ѓорчева Митровска од МЦГО е предвидена дискусија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа