Принцот Хари: Најголема грижа ми беше повторување на историјата

 

Си-би-ес објави неколку видеоклипови од претстојното интервју на Опра со принцот Хари и Меган.

Војводата од Сасекс направи паралели помеѓу третманот на мајка му Дијана и на сопругата Меган во најавните клипови од многуочекуваното телевизиско издание на Опра Винфри.

Во два клипа од 30 секунди, што ги објави Си-би-ес изминатиов викенд, Хари проговори за својата мајка и вели дека тој и Меган се повлекле од кралските должности, меѓу другото, и поради тоа што се плашел дека историјата може да се повтори алудирајќи на судбината на принцезата Дијана.

Опра ја прашува Меган дали имало точка на кршење и дали е тивка или замолчена, но војвотката не зборува во видеоклипот.

Во клипот е прикажана фотографија од младиот принц Хари со Дијана, а војводата вели: „Не можам да си замислам низ што мораше да помине во целиот тој процес сама пред толку години бидејќи беше неверојатно тежок за нас двајцата – но, барем се имавме еден со друг“.

Хари потоа ѝ вели на Винфри: „Најголема грижа ми беше повторување на историјата“.

Целосното интервју во САД ќе се емитува на 7 март.

Нејасно е кога програмата „Опра со Меган и Хари: Си-би-ес прајмтајм спешл“ ќе се прикаже во Велика Британија.

Во интервјуто Меган ќе зборува за бракот, мајчинството, за животот како член на кралското семејство и како се справува со интензивниот притисок од јавноста, соопшти Си-би-ес.

Макфкас

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 14:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега